Нов летен температурен рекорд е поставен во селото Ојмјакон на рускиот Далечен Исток, меѓународно познато како најстудено постојано населено место во светот.
Температурите во селото во оддалечената Република Саха, попозната како Јакутија, достигнаа 32°C надминувајќи го претходниот рекорд од 30,5°C поставен на истиот ден во 1949 година.
Шефот на Република Саха, Ајсен Николаев, прогласи вонредна состојба во регионот по големите пожари што се проширија во текот на викендот поради топлотниот удар. Николаев на својот канал Телеграм истакна дека областа Ојмјакон е меѓу најтешко погодените.
Ојмјакон е меѓу најстудените места на северната хемисфера, бидејќи во 1933 година забележала најниска температура од -67,7°C. Сепак, непроверен рекорд бил поставен седум години претходно, кога биле забележани минус 71,2°C.
И покрај екстремните временски услови, Ојмјакон има постојано население од околу 500 луѓе.
Климатските промени претставуваат посебна закана за Јакутија, бидејќи поголемиот дел од нејзината инфраструктура е изградена на вечен мраз. Експертите предупредуваат дека топењето може да доведе до големи социјални и економски последици во регионот.
+38.8 C in Yakutsk, Russia. That’s now ???? pic.twitter.com/wqZGZk35xi
— Bolot Bochkarev (@yakutia) July 9, 2018



















