Ново откритие во „Куќата на чесни љубовници“ во урнатините на Помпеја

1565

Остатоци на две лица се пронајдени во урнатините на Помпеја, античкиот римски град кој исчезна во ерупцијата на Везув пред 2.000 години, соопшти италијанското Министерство за култура.

Скелетите се пронајдени во „Куќата на чесните љубовници“ и веројатно се оние на двајца мажи на возраст од 50 години кои загинале во земјотресот што ја придружувал ерупцијата, соопшти Министерството.

Директорот на Археолошкиот парк Gabriel Zuchtriegel, изјави дека не ги убила вулканската пепел, туку уривањето на ѕидовите, чии парчиња биле пронајдени меѓу нивните згмечени коски.

Современите техники на ископување ни помагаат подобро да го разбереме пеколот што целосно ја уништил Помпеја за два дена, убивајќи ги нејзините жители, изјави германскиот археолог.

Околу 13.000 луѓе живееле во Помпеја, на околу 23 километри југоисточно од Неапол, до 79 п.н.е., кога вулканот еруптирал со сила еднаква на многу атомски бомби.

Најмалку 15 до 20 проценти од населението умреле. Во последните два и пол века, археолозите пронашле останки на повеќе од 1.300 жртви.

Локалитетот Помпеја е откриен дури во 16 век, а денес е место на големи археолошки активности во обид да се запрат годините на запоставување и распаѓање, што е можно благодарение на финансискиот проект од 105 милиони евра од Европската унија.

Италијанскиот министер за култура Gennaro Sangiuliano изјави дека конзерваторските работи и понатамошните истражувања продолжуваат.

Откривањето на овие два скелети ни покажува дека имаме уште многу да истражуваме, да спроведеме уште многу ископувања и да пронајдеме уште многу остатоци од огромното богатство за истражување, рече тој.

Помпеја е впишана на листата на светско наследство на УНЕСКО и е втора најпосетувана туристичка дестинација во Италија по Колосеумот во Рим.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.