Дали го носите и мобилниот телефон со вас во тоалет за да го „убиете времето“ додека чекате „да си ја завршите работата“? Носењето и користењето мобилен телефон во тоалетот е всушност лоша идеја.
Веројатно знаете дека постои ризик при посета на тоалетот, за уредот да се „залепат“ микробите и бактериите, кои ги има во изобилство во оваа просторија. А ако на тоа ги додадете и оние кои веќе сте ги собрале по пат, во автомобилот, на вашето биро, дома, сами направете математика. Ризикот од инфекција е висок.
Истражувањата покажале дека уредите без кои повеќе не можеме да го замислиме секојдневието се всушност повалкани од седиштата на тоалетната школка. Научниците пресметале дека во просек го допираме нашиот телефон стотици или дури илјадници пати на ден. Ретко ќе се случи да ги измиеме рацете по употреба и тоа е факт. Сепак, можеби сите треба да размислуваме за хигиената кога користиме мобилни уреди.
Нашите раце се постојано изложени на разни бактерии и вируси, па не е нелогично лесно да се заразиме. Истото е и со паметните телефони кои постојано ги допираме. Бројни студии покажуваат дека телефоните можат да бидат контаминирани со различни видови на потенцијално патогени бактерии.
Тоа се:
1. Ешерихија коли (Escherichia coli – предизвикува дијареа)
2. Staphylococcus aureus (влијае на кожата)
3. Актинобактерии (Actinobacteria – доведува до туберкулоза и дифтерија)
4. Цитробактерија (Citrobacter – предизвикува инфекции на уринарниот тракт)
5. Ентерокок (Enterococcus – предизвикува менингитис)
6. Клебсиела (Klebsiella – предизвикува пневмонија)
7. Микрокока (Micrococcus – може да предизвика септичен шок, септичен артритис, ендокардитис, менингитис и пневмонија)
8. Протеус (Proteus – предизвикува инфекции кај луѓе кои имаат некаква структурална аномалија или камења во уринарниот тракт)
9. Псевдомонас (Pseudomonas – предизвикува болнички инфекции)
10. Стрептокока (Streptokok – предизвикува болки во грлото, акутна бактериска инфекција на кожата, ревматска треска).
За последните пет се знае дека доведуваат до многу непријатни последици по здравјето на луѓето.
Покрај тоа, научниците откриле дека многу патогени на паметните телефони често се отпорни на антибиотици. И ова е загрижувачко бидејќи овие бактерии лесно можат да предизвикаат болести, од кои некои се дури и опасни по живот.
Во исто време, студиите покажуваат дека дури и ако го избришете телефонот со антибактериски марамчиња или алкохол, тој сепак може повторно да се зарази. На овој начин мора редовно да го чистите вашиот паметен телефон.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















