Уште едно предупредување ! Климатските промени се смртна закана за милиони луѓе

1013

За резултатите од извештајот ќе се разговара утре (четврток) на Светскиот економски форум во.

Последиците од климатските промени се веќе смртна закана за неколку милиони луѓе во наредните децении и ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештајот објавен во вчера во Давос.

Поплавите се најголем ризик, се наведува во заедничкиот извештај на Светскиот економски форум (WEF) кој оваа недела се одржува во Давос и консултантската фирма Oliver Wyman.

Авторите на студијата анализирале шест клучни последици од климатските промени: поплави, суши, топлотни бранови, тропски бури, шумски пожари и пораст на нивото на морето.

Студијата се заснова на средното сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за пораст на температурата до 2100 година, што претпоставува просечно зголемување на температурата за 2,7 степени Целзиусови.

Според студијата, климатските промени би можеле да предизвикаат до 14,5 милиони смртни случаи во светот до 2050 година. Здравствените системи ќе мора да сносат дополнителни трошоци во вкупна вредност од 1,1 трилиони долари.

Според проценките, само поплавите би можеле да предизвикаат 8,5 милиони смртни случаи до 2050 година – не само директно, туку и индиректно, поради штетите на посевите, зголемувањето на заразните болести и повисоката влажност, што може да предизвика респираторни заболувања.

Азиско-пацифичкиот регион, со неговите густо населени крајбрежни региони, најверојатно ќе го сноси најголемиот товар.

Авторите очекуваат втората највисока стапка на смртност од 3,2 милиони смртни случаи да биде предизвикана од суши – првенствено поради долгорочните ефекти од опаѓањето на квалитетот на водата и помалку плодната почва врз смртноста на децата.

Според извештајот, топлотните бранови би можеле да предизвикаат 1,6 милиони смртни случаи до 2050 година, особено кај постарите луѓе.

Извештајот предвидува и зголемување на бројот на болести и случаи на инвалидитет при работа. Повисоките температури, на пример, може да предизвикаат значително ширење на комарците, што ги прави инфекциите со маларија, денга и зика почести во Европа и во САД.

Според студијата, регионите во Африка, Блискиот Исток и Азија би биле особено погодени од здравствените последици од климатските промени.

За резултатите од извештајот ќе се разговара утре на Светскиот економски форум во Давос.