ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА СВОЕТО ЗДРАВЈЕ ! Симптоми кои укажуваат на бубрежна болест

1166

Болка во нозете, висок крвен притисок, оток, сува кожа и губење на апетит се само дел од симптомите кои укажуваат на можен проблем со бубрезите.

Кога бубрезите се компромитирани, овие симптоми може да се појават. Ако забележите повеќе од еден симптом, би било добра идеја да посетите лекар.

Болка во нозете

Воспалението на бубрезите може да укаже со болка во грбот, странично на горниот дел од телото, како и болка во нозете. Овие болки можат да бидат предизвикани од камења во бубрезите, па ако чувствувате болка на овие места, трчајте на лекар.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок предизвикан од лошото функционирање на овие органи може да укажува и на бубрежна болест.

Оток

Веројатно веќе го знаете ова, но кога бубрезите не работат добро, вишокот на вода се задржува во телото, што доведува до отекување на рацете и нозете, особено на зглобовите.

Промени во мокрењето

Зборувајќи за задржување на вишокот вода, важно е да го знаете и ова. Урината се произведува во бубрезите со цел да се елиминираат токсините од телото. Ако имате потешкотии со мокрењето, значително повеќе или поретко уринирате, поради тоа често станувате навечер, се појавува крв или пена во урината… веднаш одете на лекар!

Губење на апетит

Губењето на апетитот само по себе не е поврзано со бубрежна болест, но доколку имате некој од горенаведените симптоми, проверете го вашето здравје.

Сува кожа

Иако можеби помислувате на дерматолошки проблем, знајте дека сувата кожа може да биде сигнал дека бубрезите не работат добро. Ако бубрезите не функционираат нормално, тие не можат да ги исчистат токсините од крвта, а тоа може да предизвика осип на кожата.

Губење на здивот

Донекаде е нормално да останете без здив и да дишете тешко кога вежбате, но ако тоа ви се случи по кратка прошетка или дури и кога сте во мирување, нека биде аларм да одите на лекар. Имено, вишокот вода што се задржува во телото кога бубрезите не функционираат правилно оди во белите дробови и го отежнува дишењето.

Замор

Не треба да се грижите за тоа штом почувствувате уморни, но треба да ве грижи ако се разбудите уморни откако ќе спиете седум, осум часа. Ако сте уморни, но всушност сте поспани и физички одморени, можно е ова чувство да е предизвикано од недостаток на црвени крвни зрнца, што го намалува протокот на кислород, а резултатот е замор.

Губење на вкус

Бубрежното заболување може да предизвика вашата храна да има метален вкус, а токсините што бубрезите не ги исфрлаат исто така ќе предизвикаат лош здив.

Гадење и повраќање

Како што рековме, кога бубрезите работат правилно, тие ги исфрлаат токсините од телото. Од друга страна, кога тие не работат добро, во телото се акумулираат токсини, кои можат да предизвикаат гадење и повраќање. Значи, ако често чувствувате гадење и имате необјаснив нагон за повраќање, проверете го здравјето на бубрезите.

И за крај, не чекајте нешто да ве „пецне“ за да отидете на лекар, туку ако се сомневате дека имате проблем врз основа на овие симптоми, веднаш проверете го тоа. Имајте на ум дека колку порано се открие болеста, толку се поголеми шансите за намалување на последиците.