Помага со непријатниот мирис на нозете
Ако го имате овој проблем, намокрете ги нозете во ладен чај затоа што танините кои се содржани во него дејствуваат против бактериите и габите.
Хидрира сува кожа
На сува кожа добро ќе дејствува зелениот чај. Откако ќе го оладите, чајот ставете го во шише со пумпичка за распрснување или на вата па нанесете ја на лицето двапати на ден. Ова ќе ги стесни порите, ќе ги отстрани нечистотиите и кожата ќе добие сјај.
Ја смирува кожата после депилација
Црвенилото, ситните посекотини и чешањето се многу честа појава после бричење на нозете или пазувите на пример, а и тука може да ви помогне чајот. На повредените делови на кожата ставете искористени кеси од ладен црн чај, кој ќе дејствува како облога.
Боење на косата
Да, и тука чајот може да помогне ако сакате природен начин на боење на косата и ако сакате да имате светли влакна. Чајот малку ќе ја затемни русата коса поради тоа што содржи природни состојки кои предизвикуваат затемнување. Ви требаат 3-5 вреќички чај кои треба да се сварат во помалку вода отколку што би ги подготвувале за пијалок. Косата треба да биде натопена со чајот и најмалку еден час да стои бојата да делува.
Затемнување на косата
Како што можете да ја обоите светлата коса, со чајот можете и да потемните тен. Во купката вметнете неколку вреќички црн чај и уживајте дваесетина минути, пишува Хафингтон Пост . Додава дека чувството можеби ќе биде малку лепливо и чудно, но ќе добиете малку боја на нежен и природен начин.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















