Чајот се пие во секое време од годината за релаксација или за различни проблеми, но можете да го користите и за домашни третмани за убавина како на пример за боење коса или смирување на кожата од каснување, изгореници …
Враќање на сјајот на косата
Чајот е добар за косата која го изгуби својот сјај. Исплакнете ја косата со зелен или црн чај и ќе ја поттикнете нејзината живост. Откако го оставивте чајот да отстои 15 минути во врела вода, пред да го користите треба да почека неколку часа или дури и преку ноќ. Прелијте го преку тукушто измиената коса и оставете го да делува десетина минути. После тоа, уште измијте ја со шампон.
Смирува изгореници од сонце
Ако случајно сте заработиле изгореници, искористените кеси од чај можат да ја олеснат болката и црвенилото. Неколку вреќички чај ставете во лесна ткаенина и придржувајте ја до оштететената кожа.
Го олеснува каснувањето од комарец
Убоди од комарците понекогаш чешаат толку многу што ненамерно правиме рани заради гребењето. Против ова може да се користат искористени ладни вреќички од чајот од камилица, кои можете едноставно да ги ставите директно на самото место на убодот.
Темни подочници и подуени очи
Брзинското решение за подуени очи и темни подочници се крие, исто така во искористените кесички со чај. Земете го Ерл Греј и ставете го на очите. Теинот од чајот ќе помогне да се стеснат крвните садови под кожата и да го елиминираат отокот.
Продолжува на страна 2