5. Замастен црн дроб
Замастен црн дроб е еден од најчестите симптоми на недостаток на протеини и ако не се лекува, доведува до заболување на замастен црн дроб, која се манифестира со воспаление на црниот дроб и потенцијално откажување на црниот дроб.
Ова е вообичаена состојба кај оние кои консумираат многу алкохол, дебели луѓе, па дури и деца.
6. Зголемен ризик од фрактура на коските
Како на мускулите, нискиот внес на протеини, исто така, влијае и на коските. Недостатокот на протеини доведува до губење на коскената маса, што го зголемува ризикот од оштетување. Ова најчесто се случува, бидејќи протеините се од суштинско значење за апсорпцијата на калциумот и учествуваат во метаболизмот на коскените клетки.
7. Пореметување на спиењето
Ако имате проблеми со спиењето, тоа е најверојатно поврзано со недостаток на протеини. Протеините кои ги внесуваме преку храна се градежен материјал за триптофан, амино киселина која предизвикува поспаност. Затоа, пожелно е да се јаде храна богата со протеини за да можеме да спиеме добро.
8. “Ментална магла”
Внесување на доволни количини протеини е од суштинско значење за правилна функција на мозокот. Ако чувствувате недостаток на мотивација, лоша меморија, или имате проблем со учењето нови работи, ова е знак за недостаток на протеини. Студијата вели дека допаминот, епинефринот и серотонинските невротрансмитери се од суштинско значење за да се фокусираме.
Препорачаниот дневен внес на протеини за возрасни е 56 грама за мажи, 46 грама за жени, а за децата – 19 до 34 грама во зависност од нивната возраст. Оваа бројка варира во случај на бременост или болест.



















