8 симптоми на опасен протеински дефицит во организмот

326

Добро е познато дека протеините играат витална улога во функционирањето на нашето тело. Во отсуство на протеини, телото страда.

Студијата покажала дека околу 1 милијарда луѓе во светот страдаат од недостаток на протеини. Овој број е особено висок во Централна Африка и Јужна Азија: 30% од децата внесуваат премногу мала количина протеини.

Како да знаете дали имате дефицит на протеини? Постојат знаци и симптоми кои укажуваат на тоа дека имате проблем.

1. Желба за храна

Ако сте секогаш гладни и имате желба за храна и закуски, причината за тоа може да биде ниското ниво на протеини и исхрана со многу јагленохидрати или шеќери. Проблемот е во тоа што внесувате висококалорична храна со малку протеини во однос на бројот на калориите.

2. Губење на мускулната маса и болки во зглобовите

Мускулите се најголемите протеински резервоари во телото. Слабоста во мускулите, болката и губењето на масата е знак за недостаток на протеини во телото. Студијата покажала дека овие симптоми се најчести кај постарите лица. Протеините се клучни за раст и одржување на мускулите.

3. Проблеми со кожата и ноктите

Недостаток на протеини резултира со слаби и кревки нокти, а понекогаш се појавуваат и бели дамки и кафеави линии на самите нокти.

Дефицитот на белковините влијае и на кожата, бидејќи тие овозможуваат регенерација на клетките, производство на нови и замена на мртвите клетки. Ако тоа се случи, ќе забележите дека вашата кожа е сува, распукана со првут.

4. Губење на косата

90% од нашата коса го прави протеинот наречен кератин. Ако не внесувате доволно хранливи материи, косата станува тенка и бледа. Ова се случува затоа што организмот престанува да користи протеини за работи кои не се толку клучни за растот на косата, во намера да го зачува.

Продолжува на страна 2