Причини поради кои треба да се посети гинеколог

2192

Жените имаат посебни здравствени потреби и грижи кои бараат внимание. Постојат причини кои треба да ве натераат да посетите гинеколог.

  1. Долго време не сте биле– Женското тело е сложено и многу е важно да се води сметка за женските потреби, така што треба редовно да се посетува гинеколог.
  2. Проблеми при уринирање– Доколку имате проблеми при уринирање, можеби имате уринарна инфекција. Симптомите можат да бидат и болка во стомакот и грбот и често уринирање. Уринарната инфекција лесно се лекува но е многу важно да се јавите кај гинеколог.
  3. Габична инфекција– Многу жени се соочуваат со габични инфекции. Тие можат да бидат многу здодевни и затоа морате да посетите гинеколог.
  4. Болен сексуален однос– Сексуалниот однос со партнерот не треба да биде болен, а тој проблем го имаат многу жени. За да се реши треба да се консултирате со гинеколог.
  5. Нередовен циклус– Менструалниот циклус може да биде многу фрустрирачки, посебно кога доцни. За да не стравувате дали циклусот ви е само нередовен или сте можеби бремени, закажете преглед кај гинеколог.
  6. Сте допреле грутка– Доколку сте допреле грутка на дојката, веднаш јавете се кај вашиот гинеколог. Тоа може да биде потег кој ќе ви го спаси животот.