8 намирници што треба да ги избегнувате по 30-тата

1216

Одгледувана риба

Најдобро е, на која возраст и да сте, да јадете риба која е уловена од нејзината животна средина, наместо оние кои се одгледувани и хранети со храна со хормони и антибиотици.

Бел леб

Белиот леб е една од најштетните намирници, што особено се покажува кога сте повозрасни. Затоа, наместо бел, користете интегрален леб или тонус, кој се прави од житарици.

Овошни сокови

Комерцијалните сокови се полни со шеќер, вода и конзерванси, па затоа не паѓајте на трикот „100% овошен вкус“ бидејќи за тоа и се работи, само за вкус.

Десерти од продавница

Дури ни домашните колачи не се нешто што би требало често да го јадете, но индустриските десерти дефинитивно не смеат да бидат дел од вашата исхрана.

Пуканки од микробранова

Обложени се со многу сол и масти, со што се губи секоја хранлива вредност што пуканките би ја имале ако самите ги подготвите од зрна пченка за пуканки.