3. Не ја сакаат “најтешката работа на светот”. Не е тајна колку воспитувањето деца е тешка работа. Работа на која не можете да дадете отказ и која мора да ја работите до крајот на животот.
Мора да му дадете на детето 100 проценти од вашето време, а понекогаш ми е тешко да се грижам за сè друго во животот, а камоли за нив. Кога слушам дека мајчинството е најтешката работа на светот, јас апсолутно верувам во тоа. И не сакам да ја работам. Јас сум си себеси на прво место.
“Доволно сум зрела да признаам дека не сакам да имам деца. Сакам да патувам, да трошам пари, да работам без да се чувствувам виновно и да спијам кога сум уморна.
4. Не сакаат децата да бидат изложени на злото на современиот свет. Времето драстично се промени, а со нив и начинот на одгледување. Децата се развиваат и растат многу побрзо, понекогаш толку брзо што изгледа дека повеќе немаат детство. Од мали нозе се опкружени со висока технологија која целосно ги менува и значително влијае врз нивното воспитување.
Кога би била сигурна дека ќе можам да ја задржам невиноста кај моето дете и да му овозможам да расне нормално, како ние некогаш, можеби би размислувала за мајчинството. Но, за да донесам дете на овој свет, јас тоа едноставно не можам да го направам.
5. Не се снаоѓаат со децата. Често слушаме приказни за мајчинскиот инстинкт или познатиот биолошки часовник, но тој никогаш не отчукува за некои жени. Без оглед на фактот дека природата нѝ дала репродуктивен систем за создавање и носење дете на свет, тоа не значи дека секоја жена е должна да роди дете или да ја почувствува таа потреба.
Многу жени едноставно не знаат што да прават со своите деца, не се снаоѓаат со нив, и затоа не чувствуваат потреба да се реализираат низ мајчинството.
Никогаш не ги сакав. Не ме привлекуваат, не се чувствувам добро во нивна близина. Сакам да се фокусирам на други работи, на тоа да го живеам животот онака како што сакам јас.


















