Зошто илјадници Швеѓани вградиле микрочипови во своите дланки? Видео

541

Илјадници Швеѓани вградиле микрочипови кои сега им служат како кредитни картички, клучеви за автомобил или стан, па дури и карта за воз.

Еднаш ако го вградат чипот, никогаш повеќе нема да се грижат за тоа каде им е паричникот. Сепак, некои се многу загрижени бидејќи сметаат дека таков потег е дистопија.

И додека на прв поглед се чини дека Шведска е едноставно толку напредна за да предводи вакви трендови, зад приказната на 3.500 луѓе со микрочипови стои многу подлабока причина.

Терминот биохакер се однесува на аматерски биолози кои работат надвор од традиционалните институции. Како што компјутерските хакери можат пробијате секој компјутер, така и биохакерите можат да пробијат било што да е биолошко.

Има многу биохакери, а за оваа приказна особено се интересни трансхуманистите кои се фокусирани на подобрување на карактеристиките на човечкото тело, и долгорочно, подобрување на целата човечка раса. Но, тие исто така работат и на многу поинтересни експерименти, како што е експериментот на светлечките растенија во мракот или производство на пиво од алги.

Шведските биохакери се дефинитивно трансхаманисти и тие стојат зад имплантацијата на чиповите со големина на ориз некаде помеѓу палецот и показалецот. Тоа се истите оние микрочипови кои со децении биле вградени да се следат животните и пакетите (праткитеа).

Па зошто тогаш Швеѓаните толку многу ги сакаат тие чипови во своите тела? Тие, всушност, имаат голема доверба во се што е дигитално. Тие веруваат дека технолошкиот напредок може да донесе само добро. Во текот на изминатите две децении, шведската Влада инвестирала милиони и милиони во технолошката инфраструктура, и тоа секако се гледа. Нивната економија се базира главно на извозот на дигитални технологии и услуги, како и иновации.

И додека остатокот од Европа во главно се згрозува од фактот што Швеѓаните доброволно се чипуваат, еден од водечките микробиолози кој учествуваа во проектот

Бен Либертон праша:

“Дали би сте се бунеле ако чипот детектира рак во вашиот организам веднаш штом ќе се појави и ви го спаси живот?”