Протеинот Tzap е виновник зошто старееме | Еве како може да го продолжиме животот

155

За сè е виновен изолираниот протеин Tzap, тврдат биолозите

Научниците од Институтот Скрипс во САД го открија главниот фактор за стареењето на клетките, соопшти “Лента”, цитирана од агенциите. Биолозите успеале да го изолираат протеинот Tzap.

“Тој го бележи горниот предел на должината на теломерите”, вели коавторот на истражувањето Лазерини Денчи. Ова им овозможува на клетките да се делат, но не премногу.

Новото соединение стана вториот откриен протен во текот на последната деценија и е фактор по ензимот теломераза и протеините комплексот шелтерин, кои ги контролира поврзаните со теломери крајни делови на хромозомите.

Теломерите имаат заштитна улога. Од детството димензиите им постепено се намалуваат – во просек 2 пати до влегување во зрела возраст и 4 пати во постариот период. Ова се смета за една од причините за стареењето на човечкиот организам. Затоа намалувањето на стапката на деградација на теломери е индиректно поврзано со продолжување на животот.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието “Сајанс”.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.