Жените сакаат силни момци кои ќе се грижат за нив

1243

– Научници од австралискиот Грифит универзитет спроведоа истражување на тема – какви мажи посакуваат жените најмногу.

Испитувањето опфатило 150 Австралијанки, и тие требало да разгледаат најразлични фотографии и да ги оценат луѓето според привлечноста. Се покажало дека жените ги привлекуваат силни, високи момци, атлетски градени, но претпочитаат да бидат и слаби.

Мажите коишто на слика изгледаат силни, добија повисоки оценки. На второ место по привлечност се слабите и високи момчиња.

Заклучокот од анкетата гласи дека жените и натаму избираат мажи за кои сметаат дека би можеле да се грижат за нив.

Едно претходно истражување пак, спроведено во Универзитетот на Пенсилванија, покажа дека Американките сакаат ќелави мажи.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.