Зелениот чај богат со витамини и минерали

130

Зелениот чај, како и другите чаеви од растението Camellia sinensis, е богат извор на полифеноли. Тоа се моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото.

Еден од најстарите светски познати истражувачи за полезното дејство на зелениот чај, Џон Вајсбургер, тврди дека зелениот и црниот чај содржат 8-10 пати повеќе полифеноли, отколку овошјето и зеленчукот.

Освен антиоксиданси, зелениот чај содржи и витамин Ц, некои витамини од групата Б, цинк,магнезиум, калиум, манган и флуорид.