Вежбите на гладно горат 20% повеќе калории

242

До колку вежбате пред појадок ќе согорите за 20% повеќе масти и калории, утврди екипа истражувачи од универзитетот Нортумбрија.

Истражувачите се обиделе да разберат дали навистина физичката активност на гладно го зголемува апетитот во текот на денот. Во експериментот учествувале 12 мажи кои вежбале секое утро во 10 часот. Половина од нив пред појадок, а половина по појадокот.

Подоцна во текот на денот учесниците биле замолени да го изедат ручекот и да изедат онолку храна колку што ќе ги засити за да се чувствуваат пријатно. Резултатите покажале дека оние што вежбале пред појадок, ниту јаделе повеќе, ниту доживеале напад на глад во текот на денот.

И дури напротив, мажите кои вежбате наутро на гладно согореле 20% повеќе масти отколку оние што не појадувале без разлика каква физичка активност имаат во текот на денот.