Вага
Венера е владетелка на Вагата, а како таа носи хедонистичка црта, таа најдобро може да се забележи кај неумерените Ваги кои сакаат да ја исчистат масата пред себе и пред поблиската околина. Чести се проблемите со мокрење, а со тоа обично оди неправилната работа на бубрезите и формирање на камења во бубрезите.
Скорпија
Плутон и Марс владеат со Скорпијата, така што негативните чувства и честиот песимизам лесно може да влијае на здравјето, како и стресот или депресијата, особено погодувајќи ги бубрезите, мочниот меур и либидото.
Стрелец
Јупитер како владетел на Стрелецот укажува на можноста на проблемите со црниот дроб, а не е невообичаено дури и ‘рбетот да им биде најболната точка.
Јарец
Сатурн владее со упорните Јарци на кои најслабите точки им се коските и зглобовите, па затоа не треба да се чудите на постојаните повреди, со непријатна склоност кон остеопороза и артритис.
Водолија
Уран е чуден владетел на ексцентричните Водолии кои имаат подеднакво ексцентрични здравствени проблеми, како што се потечени лимфни јазли, алергии, проширени вени и астма, а заради ко-владетелот Сатурн може да има проблеми и со срцето.
Риба
Нептун на чувствителните Риби им носи силна врска помеѓу емоциите и здравјето, па така депресивното размислување веднаш се одразува на имунитетот кој се руши и ги прави подложни на различни болести, а најчесто имаат проблеми со нозете и изразито јаки болки.


















