Врската помеѓу луѓето и кучињата е неверојатно силна

85

Доколку чувате куче, сигурно има денови кога повеќе сакате да останете дома со него отколку да излезете со друштво. Можеби ви е тешко да признаете, но понекогаш повеќе сакате да одите во парк со кучето наместо на состанок со партнерот. И иако веќе сте свесни колку го сакате вашето милениче, изгледа дека врската помеѓу кучињата и луѓето е поинтензивна отколку што мислевме.

Истражување покажало дека врската помеѓу луѓето и кучињата е неверојатно силна

Според едно ново истражување, поголемиот број од жените повеќе сакале да бидат со нивните кучиња отколку со луѓето коишто им се најблиски.

Во анкетата учествувале 1.000 сопственици на кучиња. За почеток не било изненадувачки тоа што 95% од испитаниците изјавиле дека нивното куче го гледаат како дел од семејството. Покај тоа, 55% од сопствениците изјавиле дека го користат својот миленик како терапевт – тој им нуди емоционална поддршка откако ќе добијат лоши вести. 62% од испитаниците изјавиле дека нивното куче им помага да се справат со стресот по напорен ден на работа.

Но, најинтересно е што половина од жените повеќе сакале да поминуваат време со нивното куче отколку со партнерот или семејството. Можеби причината е тоа што кучињата навистина нудат безусловна љубов.

Друг интересен наод од анкетата е тоа дека 56% од милениумците кои чуваат кучиња им правеле роденденски торти на милениците, а 77% прво го хранеле кучето, па дури потоа јаделе тие.

Целта на целото истражување била да се одреди колку длабока може да биде врската помеѓу кучињата и нивните сопственици. Џулија Питлик која била одговорна за истражувањето изјавила:

„Бидејќи и јас имам кучиња, јасно ми е дека емоционалната поврзаност помеѓу нив и сопствениците е навистина длабока. Го спроведовме ова истражување за да научиме како навистина изгледа врската помеѓу луѓето и кучињата. Додека секоја врска нуди длабока поврзаност, нашите резултати го поддржуваат верувањето дека секое куче е уникатно. Понекогаш дури помага и во наоѓањето љубовен партнер.“

15% од стрејт мажите кои учествувале во истражувањето изјавиле дека нивното куче дефинитивно им помогнало да им го привлечат вниманието на припадничките од спротивниот пол. Можеби не се свесни дека идната партнерка може повеќе да го сака нивното куче наместо нив.