Таа знаеше дека не е совршена
Таа е најголем критичар на себеси. Ги знае своите недостатоци, а понекогаш и се мрази себеси заради нив. Кон себе е најстрога кога станува збор за тебе. Таа сакаше да биде совршена мајка, да не направи ништо лошо, но само затоа што е само човечко битие, таа грешеше. Веројатно уште се обидува тоа да си го прости. Таа најмногу од сѐ сакаше да го врати времето и да направи поинаку, па затоа биди љубезен со неа, бидејќи таа го направи најдоброто што можеше.
Таа гледаше во тебе додека спиеш
Имаше ноќи кога до три часот наутро молеше конечно да заспиеш. Понекогаш едвај ги држеше очите отворени додека ти пееше и молеше да заспиеш. Потоа, кога конечно ќе заспиеше, таа те ставаше во кревет, и на секунда сиот нејзин замор ќе исчезнеше, додека гледаше како спиеш.
Те носеше многу подолго од девет месеци
Тебе ти беше потребна и таа тоа го правеше. Таа навикна да те држи и додека чисти, додека јаде, дури и додека спие. Нејзините раце беа уморни, ја болеше грбот, но таа те држеше затоа што сакаше да бидеш во нејзината близина.
Таа те сакаше, љубеше, си играше со тебе. Ти се чувствуваше безбедно во нејзините раце и беше среќен. Знаеше дека си сакан во нејзините раце, па те држеше и носеше често, колку што ти сакаше.
Ѝ го кршеше срцето секој пат кога плачеше
Немаше потажен звук од твоето плачење, ниту застрашувачка сцена од солзите кои течат низ твоето лице. Таа правеше сѐ што е во нејзина моќ да ги запре твоите солзи, а ако не можеше да ги сопре нејзиното срце се кршеше во милиони парчиња.
Тебе те ставаше на прво место
Таа можеше без храна, туш и сон. Секогаш ги ставаше твоите потреби пред своите. Таа поминуваше цел ден исполнувајќи ги твоите потреби, а на крајот на денот немаше сила за себе. Но, следниот ден би се разбудила и би почнала сѐ одново.
Таа би го сторила истото повторно
Да се биде мајка е една е од најтешките задачи кои некој може да ги прави, а понекогаш и ќе те донесе до твоите граници. Ти ќе плачеш, ќе се обидуваш, нема да успеваш, да работиш и учиш. Сепак, ќе почувствуваш повеќе радост отколку што мислиш дека е можно и чувството на љубов е поголемо отколку што може да собере во твоето срце. И покрај сета болка, тага, непроспиени ноќи, твојата мајка, сепак, сѐ би направила за тебе.
Значи, следниот пат кога ќе ја видиш, кажи ѝ на мајка ти БЛАГОДАРАМ, и дај ѝ до знаење дека ја сакаш. Таа никогаш не може тоа да го слушне премногу пати.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















