Воведувањето на ова овошје во вашата секојдневна исхрана ќе му помогне на вашето ментално здравје и ќе го намалите ризикот од депресија

778

Анализата покажала дека оние кои секојдневно консумирале барем едно парче од ова овошје го намалиле ризикот од развој на депресија за околу 20 отсто.

Досегашните студии покажаа дека здравјето на дигестивниот систем е важно за нашето физичко здравје. Но, неодамнешните студии покажуваат дека тоа може да биде клучно и за нашето ментално здравје.

Студијата објавена во списанието BMC microbiome открила поврзаност помеѓу ризикот од развој на депресија и консумирањето цитрусно овошје. Истражувачите откриле дека секојдневното консумирање на овошје како што се лимони, портокали, грејпфрути и слично може да го намали ризикот од развој на депресија.

Студијата ги анализирала податоците собрани од речиси 32.500 жени кои учествувале во долгорочна студија која го следела здравјето на жените. Истражувачите ги разгледале и податоците од повеќе од 300 мажи.

Анализата покажала дека оние кои консумирале барем едно цитрусно овошје дневно го намалиле ризикот од развој на депресија за околу 20 отсто. Овој ефект е забележан само кога се консумираат агруми, а не кога се консумираат други овошја.

Поблиска анализа покажа дека бактеријата Faecalibacterium prausnitzii (F. prausnitzii), која се наоѓа во цревниот микробиом на луѓето кои јадат агруми, е присутна во поголем број кај луѓето кои не биле депресивни.

Научниците веруваат дека поголемото присуство на Faecalibacterium prausnitzii влијае на намалување на воспалителните маркери во цревата, што може да биде одговорно за зголемување на депресијата.

Но, зошто цитрусно овошје?

Научниците истакнуваат дека постојат неколку работи кои ги содржат агрумите кои благотворно делуваат на менталното здравје.

Пред се, токму високата концентрација на флавоноиди, како naringenin и formononetin, кои помагаат во растот на бактериите F. prausnitzii, но и ги регулираат процесите во цревата, помагаат да се зголеми чувствителноста на нашите невротрансмитери на хормоните на „среќата“ како што се серотонин и допамин.

Но, не се само цитрусните овошја кои се добри за нашето физичко и ментално здравје. Претходните студии ги покажаа придобивките од консумирањето ферментирана храна како јогурт, кимчи и кефир, како и мешунките, мрсната риба и лиснатиот зелен зеленчук.