Состојки
- јаболка 10
- мелени ореви 50 гр
- мелени бадеми 50 гр
- мелени лешници 50 гр
- суво грозје 50 гр
- брусница 50гр
- цимет
- мед
Подготовка
Измијте ги јаболките и направете длабнатина во нив. Наполнете ги со смесата од мелените ореви, бадеми и лешници со сувото грозје и брусницата. Ако љубите послатка смеса додадете мед (или откако ќе се испечат па врз нив додете го како прелив).
Од едно јајце одвојте ја белката и изматете ја додека не зацврсти. Истата ја ставате преку јаболката и ја посипувате со цимет.
Печете во загреана рерна на 200C околу 20 минути.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















