Важно откритие на археолозите ! Пронајдени остатоци закопани во необична положба

829
Ретките галски погребувања од 300 до 200 година пред нашата ера нудат нови сознанија за древните практики.

Не е познато зошто биле закопани на овој начин, но познато е дека гробовите се наоѓале во близина на аристократски резиденции, или светилишта или верски места, далеку од некрополите.

Тринаесет Гали закопани во седечка положба, кои датираат меѓу 300 и 200 година п.н.е., се ексхумирани во Дижон во централна Франција, објави во вторникот Националниот институт за превентивни археолошки истражувања, поздравувајќи го „важното откритие“.

Двете ископувања спроведени во 1990-тите во центарот на Дижон открија присуство на човечки населби од доцниот галски период и антиката.

Новите ископувања, спроведени на истата локација од октомври до декември, открија 13 тела закопани во тркалезни гробови во седечка положба, „со грб потпрени на источниот ѕид на гробот, со погледот насочен кон запад“, соопшти Институтот.

Овој тип на погребување е добро познат низ протоисторијата, периодот помеѓу праисторијата и историјата, но е редок.

Ова е важно откритие бидејќи во Франција и Швајцаријаима само педесетина луѓе кои се закопани на овој начин, на само десетина локации, девет во Франција и три во Швајцарија, истакна институтот, со напомена дека скелетите се добро сочувани.

Не е познато зошто биле закопани на овој начин, но познато е дека гробовите се наоѓале во близина на аристократски резиденции, или светилишта или верски места, далеку од некрополите.

Оваа практика веројатно била наменета за посебни луѓе, членови на доминантни семејства, воини, стари лица и поединци поврзани со политичката и религиозната сфера, сметаат археолозите.

Освен оклопот, кој го поврзува локалитетот со галскиот период, во гробовите не биле пронајдени лични предмети или накит.