Вашето куче дефинитивно разбира што му зборувате

137

Најчесто, кога им се обраќаме на нашите кучиња, го користиме оној тон кој го употребуваме и кога зборуваме со бебиња. Тоа речиси секогаш предизвикува радост кај нашите миленичиња, која не ја кријат од нас.

Резултатите од една студија посветена на кучињата и тонот со којшто им се обраќаме, покажуваат дека нашите миленици разбираат многу повеќе отколку што мислиме.

Според истражувањето спроведено на Универзитетот Еотвос во Будимпешта, кучињата можат да ги распознаат речникот и интонацијата на човечкиот говор. Тоа значи дека тие имаат способност да го оценат она што сте им го кажале врз основа на зборовите што ги користите и начинот на кој што ги кажувате.

Студијата укажува на тоа дека кучињата, како и луѓето, ги користат двете страни од мозокот за да го разберат речникот и тонот, а потоа ги комбинираат информациите и извлекуваат заклучок за значењето на тоа што сте им го кажале.

Поради тоа не изненадува податокот дека кучињата реагираат најдобро кога им се обраќате со премногу позитивен тон, додека истовремено имаат способност да ги препознаат негативните зборови, прекриени со лажен позитивен тон.

Затоа следниот пат кога ќе му се обратите на вашето куче потрудете се тоа да биде искрено, затоа што не можете да ги измамите овие интелигентни суштества.