Што велат руските лекари?
„Бесеже вакцинацијата е еден од начините да се стимулира имунитетот. Во определени состојби тоа навистина помага. Но, за да се оцени тоа потребни се квалитетни клинички истражувања“, вели фармакологот Николај Коробов, доцент на Факултетот за фундаментална медицина при Московскиот државен универзитет.
Сè на сè, можниот ефект на вакцината против COVID-19 во Русија засега не е прифатен во стручните кругови.
„Пренесувањето на инфекцијата по аероген пат е единственото заедничко што го имаат коронавирусот и туберкулозата. Сето останато е нечија фантазија“, смета главниот физијатар на Санкт Петербург, примариус на Градскиот туберкулозен диспанзер Александар Пантелеев. „Бесеже вакцината штити најмногу 10 години. Кај возрасниот организам таа веќе по дефиниција не е жива, и затоа е несериозно да се зборува дека е создаден определен имунитет на коронавирусот. Покрај тоа, станува збор за сосема различни типови инфекција. Воопшто не е јасно кој механизам би можел да дејствува во обата случаи“.
Но, дури и ако се претпостави дека бесеже вакцината е делотворна, во скоро време не треба да се надеваме на неа. „Потребно е многу време по вакцинацијата да се развие имунитетот. Мала е веројатноста дека оваа вакцина ќе помогне во овој момент“, смета имунологот Владимир Болибок.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.


















