Може ли да помогне и во случајот со COVID-19?
Научно-истражувачкиот институт за ургентна медицинска помош „Склифосовски“, одделение за пациентите за кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирус
Александар Авилов/Агенција „Москва“
Потребно е да се извршат барем истражувања на фокус-групи. Во март се дозна дека вакви истражувања ќе бидат извршени во Австралија, во Холандија, во Германија и во Грција. Сепак, веќе е присутна голема доза скепса кога станува збор за ефикасноста на бесеже вакцината во случајот со коронавирус. Ако оваа теорија е точна, зошто имаше толку заразени во Кина, каде бесеже вакцината е задолжителна?
Траењето на дејството на бесеже вакцината не е прецизно установено. Се смета дека таа во целосна мерка е активна 10-15 години, по што нејзиниот ефект ослабува, и тоа доколку станува збор за вакцинација на дете. Вакцинирањето на возрасни луѓе може да има прилично слаб ефект.
Авторите на истражувањето за врската помеѓу бесеже вакцината и болеста COVID-19 и самите обрнуваат внимание на следново: „Различни земји имаат различни временски рамки на бесеже вакцинација и користат различни типови бактерии“. Никој не се занимавал со истражување на прашањето кој тип е поефикасен во спречување на ширењето на инфекцијата.
Продолжува на страна 4


















