Вакцината за туберкулоза спасува од коронавирус. Можно ли е тоа?

2173

За каква вакцина станува збор?

Тоа е единствената сертифицирана вакцина против туберкулоза. Неа секоја година ја примаат 130 милиони луѓе во целиот свет. Ако за просек се земе состојбата од 2018 година, оваа вакцинација се спроведува во 153 земји во светот. Во развиените земји е делумна (само за децата од ризични групи) или воопшто не се врши поради мошне нискиот процент на заболени од туберкулоза. САД и Франција, на пример, никогаш немаат спроведувано масовна бесеже вакцинација.

Сепак, во целиот свет секоја година од туберкулоза умираат околу 10 милиони луѓе. Поради тоа вакцинацијата е сè уште задолжителна во земјите со висок ризик. Конкретно, задолжителна е во Бразил, во Русија, во Индија, во Кина и во Јужна Африка. Оваа вакцина не гарантира апсолутен имунитет, но нуди заштита во 60 до 80% од случаите.

Кој ја има откриено вакцината? Дали е навистина создадена во СССР?

СССР е првата земја во која оваа вакцина станала задолжителна за сите државјани, но настанала во Франција во 1919 година. Ја имаат направени научниците Алебр Калмет и Камиј Герин, користејќи разблажен исцедок на тип кравји бацил на туберкулоза. Калмет во 1925 година ја предал вакцината на советските научници за да ја усовршат, а потоа тие ја докажале нејзината ефикасност. Три години подоцна вакцината ја прифатило Друштвото на народите.

Дали вакцината штити и од други болести?

Одамна се вршат вакви истражувања. Во овој момент се смета дека бесеже има заштитен ефект кај 20% од случаите на лепра. Се применува во имунотерапијата на карцином на мочниот меур, а до 2015 година се сметаше дека оваа вакцина е ефикасна и во борбата против Барули чирот.

Продолжува на страна 3