УКИНАТИ РЕСТРИКЦИИ НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

348

Како една од поважните точки на дневниот ред на 31-та седница на Советот на Општина Карпош, беше предлог-одлуката за прекин на рестрикциите на улично осветлување на територија на Општина Карпош, а која беше едногласно усвоена.

Во Наредната година пак, како и секоја измината, полуматурантите-првенци на генерација, ќе добијат парична награда за постигнатиот успех. Ова, на вчерашната 31-ва седница на Советот на Општина Карпош, беше изгласено и одобрено од присутните советници.

Исто така, дел од советниците дадоа зелено светло и за предлог-заклучокот за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Карпош за извештајниот период за квартал од 01.01.2023 до 30.06.2023 година.

На дневниот ред се најде и предлог-решението за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година, како и предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2023 година, кои беа изгласани од дел од советниците, но меѓу кои имаше и воздржани.

Советниците, на вчерашната седница ја разгледаа и предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјална и здравствена заштита за 2023 година, како и предлог-одлуката за одобрување средства за плаќање надоместок за персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување за невработени лица ангажирани како воспитувачи и негуватели со лиценца во предучилишните установи на територија на Општина Карпош, кои беа изгласани.

Присутните советници едногласно го усвоија предлог-заклучокот за усвојување Иницијатива со која Советот на Општина Карпош ќе достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување измени во потребните закони и протоколи за набавка на неопходните најнови медицински помагала за сите лица со дијагноза Дијабетес тип 1. Двете точки, кои беа на Дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Карпош, предлог-одлука за давање согласност за спогодбено преземање на административен службеник и предлог-одлука за давање согласност за времено одстапување на користење движни ствари-мотоцикл без странична приколка и мопед сопственост на Општина Карпош на Полициска станица од општна надлежност Карпош, не беа усвоени од страна на советниците.

Имено, предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите за давање на користење училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните општински училишта, помина на седницата, но не со целосно мнозинство. На седницата беа поднесени предлог-решенија за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на четирите детски јавни установи, и тоа градинката ,,Мајски цвет”, ,,Орце Николов”, ,,Пролет”, и Распеана младост”, кои истите беа едногласно усвоени. Беше изгласана и точката на дневен ред, предлог-решение за давање согласност на годишниот план за изменување и дополнување на годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште ,,Војдан Чернодрински”, а во понатамошниот дневен ред одобрување добија и предлог-решенијата за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на деветте основни општински училишта и тоа, ,,Аврам Писевски”, ,,Братство”, ,,Владо Тасевски”, ,,Војдан Чернодрински”, ,,Димо Хаџи Димов”, ,,Јан Амос Комеснки”, ,,Лазо Трповски”, ,,Петар Поп Арсов”, и ,,Христијан Тодоровски Карпош”.

Изгласани беа и предлог-решенијата за изменување и дополнување на решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на јавните општински детски установи, градинките ,,Распеана младост”, ,,Орце Николов”, и ,,Пролет”. Советниците рекоа “да”, за точката, предлог-решение за давање согласност на правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во ЈУОДГ ,,Орце Николов”, предлог-решение за давање согласност на правилникот за внатрешна организација на ЈУОДГ ,,Орце Николов”, како и за предлог-решението за изменување и дополнување на решението за разрешување и именување член во училишниот одбор на ООУ ,,Петар Поп Арсов”.

Едногласно беше донесена точката на дневен ред, предлог-одлука за прифаќање донација од ОКИТЕКС ДОО извоз-увоз Скопје. Советниците дадоа зелено светло и за предлог-одлуката за одобрување финансиски средства за замена на азбестни кровни покривачи на индивидуален станбен објект во Општина Карпош.

Оттука, едногласно “да” советниците дадоа и за предлог-одлуката за одобрување финансиски средства за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови на станбени згради за колективно домување во Општина Карпош. Додадената точка, предлог-одлука за промена на броила на електрична енергија во ООУ ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Вера Циривири Трена”, беше усвоена.

На вчерашната 31-ва седница на Советот на Општина Карпош, беа поднесени неколку иницијативни кои допрва советниците треба целосно да ги разгледаат на следната седница, а тоа беа точките иницијатива за поставување потпорен ѕид во село Бардовци, заклучок-иницијатива за претрес на состојбата на градежна парцела која нема валиден ДУП и иницијатива за додавање на точка на дневен ред за отпочнување за иницијатива урбанистичка планска документација за село Бардовци. На крајот од седницата беа поставувани советнички прашања, како задолжителна точка на дневен ред на секоја седница на Советот на Општина Карпош.

Одделение за односи со јавноста

ОПШТИНА КАРПОШ