Децата и креативноста

1248

Креативноста не треба да биде на маргините на наставниот процес, туку, да стане една од најважните задачи на училиштето во образованието на целокупната личност. С

оздавање атмосфера во која децата се чувствуваат безбедно, можат слободно да се изразуваат себеси и општествено да бидат прифатени и покрај сите различности кои би можеле да ги чувствуваат во однос на другите. Од огромно е значење за интегралниот развој на детето.

Подолу е дел од текстот на Верица Секулиќ – Приказ техники за креативно учење. Ве оставаме да го прочитате во целост.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ

Постои разлика помеѓу креативностa кај возрасните и децата. Кога зборуваме за креативноста кај возрасните обично мислиме на еден вид на експертиза, која вклучува технички вештини, уметничка способност, талент или познавање потребни информации кои можат значајно да придонесат за она што го создаваат. Возрасните имаат работни навики, развиена концентрација и упорност, способноста да создадат нови можности и отвореност кон нови идеи. Децата очигледно имаат помалку искуство од возрасните и затоа тие помалку се стручни, а нивните работни навики допрва се развиваат. Но, тие имаат уникатни начини на размислување и пристапи кои се сосема свежи и неоптоварени со веќе наученото. Фокусот во работата со децата е во процесот на самото создавање, а не на производи, кои може да ги има, но не се задолжителни.

Кога е креативноста во прашање,кај децата се важни три мислења:

  1. Осетливост на внатрешни и надворешни стимули
  2. Изостанок на инхибицијата
  3. Можност на потполна преокупација со некоја активност

Значењето на креативноста во модерното училиште

  • Денес се води голема битка помеѓу два пристапа во училиштето и образованието, зад кои постојат две филозофии на животот. Според едниот пристап, човекот се гледа како употребна вредност во целокупниот процес на производство, кој има крајна цел да го зголеми материјалното богатство и го гледа образованието како процес за оспособување на човекот да биде корисен на пазарот на трудот , да биде во служба на економските потреби на заедницата во која живее. А според вториот пристап, човекот се гледа како единствено и целосно суштество кое има способност да се развива во текот на животот, да се менува и создава. Првата струјата е високо конкурентна, усовршува тестови, поставува временски и просторни ограничувања,а можноста за образованиеја условува со пари и ги стеснува стандардите кои се надворешно поставени и не се поврзани со конкретните деца и нивните потреби.

Втората струја има сосема различна поставеност. Таа верува во основните потенцијали на човечкото битие и се обидува да ги спаси преку создавање на позитивна атмосфера. Во контекст на вториов актуелен образовен концепт на поимот креативност е дадена посебна вредност, бидејќи сѐ повеќе се смета дека клучната задача на современите училишта е да се изгради креативна личност на ученикот. Позитивна атмосфера во училиштето е основен предуслов за било која работа во областа на поттикнување и ослободување на детската креативност. Ослободување на креативноста на децата лежи главно во два психолошки услови: психолошка сигурност и психолошка слобода. Психолошката сигурност е надворешен услов кој на децата им обезбедува безбедност и емпатија, а психолошката слобода е внатрешната состојба што произлегува од детето кое е слободно да игра и да се самоизразув.

Креативноста во училиштата не треба да биде на маргините на наставниот процес, туку да стане една од најважните задачи на училиштето во образованието на една интегрална и целокупна личност. Треба да се создавање атмосфера во која децата се чувствуваат безбедни, да се изразат себеси и општествено да бидат прифатени. И покрај сите различности кои тие можеби ги чувствуваат во однос на другите, создавањето на атмосферата е од огромно значење за интегралениот развој на детето. Во таква средина, секое дете ќе го развие својот потенцијал и секој ќе биде способен да придонесе за заедницата во која се наоѓа.