Македонски гурабии

4298

Стар македонски традиционален рецепт…

Потребно

  • 500 гр газирана минерална вода
  • 500 гр вода
  • 500 гр масло
  • 150 гр шеќер
  • 1 кг гриз

За шербетот

  • 1 кг шеќер
  • 1 кг вода
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка

  • Во големо тенџере ставете ги минералната вода, водата, маслото и шеќерот да провријат на рингла. Тргнете го тенџерето од рингла и додадете го гризот. Со дрвена лажица мешајте додека не добиете изедначена смеса.
  • Кога малку ќе се олади горната смеса, земајте со рака топчиња и обликувајте гурабии.
  • Гурабиите редете ги на ненамастена тава, една до друга со мало растојание меѓу нив.
  • Секоја гурабија засечете ја со нож на површината по два пати.
  • Печете ги во претходно загреана рерна на 220-250 целзиусови степени (во зависност од рерната) околу 40-50 минути. На крајот на печењето би требало да останат бели.
  • Додека се печат, подгответе го шербетот. Во тенџере на рингла ставете ги водата и шеќерот и оставете да проврие малку за да се растопи шеќерот. Тргнете го тенџерето на страна и оставете да се излади шербетот.
  • Врелите печени гурабии прелијте ги со шербетот и вратете ги во загреана рерна уште 2-3 минути. Извадете ги и оставете ги да се изладат и да го упијат шербетот.
  • Можете да ги послужите со шлаг.