ТРЕБА ДА БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ / Симптоми на порочната болест од која почина Silvio Berlusconi | Се појавува тивко, го уништува организмот, а многумина ги игнорираат со години

1012

Симптомите на леукемија, болеста од која почина поранешниот италијански премиер Silvio Berlusconi, може да варираат.

Поранешниот италијански премиер Silvio Berlusconi почина на 86-годишна возраст од леукемија. Пуштен е од болница минатиот месец откако се лекувал од инфекција на белите дробови поврзана со хронична миелоидна леукемија. Во петокот бил примен во болницата San Raffaele во Милано на лекарски прегледи, но резултатите покажале дека состојбата му се влошила. Добил интензивно лекување, но за жал ја загубил битката.

Леукемијата сочинува околу 10 проценти од сите малигни заболувања. Во моментот кога ќе се формира, коскената срцевина во телото почнува да создава незрели бели крвни зрнца наречени “blasti”, кои немаат никаква цел. Тие во голема мера ги надминуваат нормалните клетки што ги спречуваат да работат правилно. Најчеста е кај возрасните, на возраст од 64 до 74 години, но забележано е дека сé повеќе заболуваат млади луѓе.

Знаци кои бараат итна медицинска помош се отежнато дишење, замор, хемороиди, крварење на непцата, треска и инфекции. Според експертите, леукемијата е болест која настанува тивко, но брзо се манифестира преку голем замор што ги прави болните немоќни.

Симптомите се уште еден потсетник да го посетите вашиот лекар дури и кога мислите дека имате грип. Лекарите истакнуваат дека нема јасни сигнали за кои телото не предупредува, но дека многу од нив наликуваат на грип. Затоа превентивните прегледи се од клучно значење.

Симптомите зависат од видот на болеста, а меѓу најчестите се:

  • бледа кожа
  • анемија
  • замор
  • постојани инфекции
  • воспаление
  • температура
  • чувство на недостаток на воздух
  • посеченото место полека зараснува
  • лесно се појавуваат модринки
  • ноќно потење
  • чувствителни и болни зглобови
  • крварење од носот
  • отечени лимфни јазли

Видови на леукемија

  • Акутна лимфоцитна леукемија – најчеста кај малите деца, но ги погодува и возрасните, особено оние над 65 години.
  • Акутна миелоидна леукемија – се јавува и кај возрасни и кај деца
  • Хронична лимфоцитна леукемија – децата ретко се разболуваат, се јавува кај возрасни над 55 години
  • Хронична миелоидна леукемија – главно кај возрасни

Лекување

Повеќето пациенти се лекуваат со хемотерапија. Се користи и радиотерапија и/или трансплантација на коскена срцевина или биолошка терапија. Во некои случаи, спленектомија (отстранување на слезината) може да биде дел од третманот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.