Тоалетната хартија е неочекуван “и потенцијално голем” извор на хемикалии наречени и “вечни загадувачи” штетни за здравјето на луѓето

1048

Присутни се во бројни предмети од секојдневието (козметика, водоотпорна облека, кујнски прибор што спречува лепење…), а се поврзуваат со повеќе видови на рак, кардиоваскуларни заболувања, проблеми со плодноста и нарушувања во однесувањето кај децата.

Тоалетната хартија е неочекуван „и потенцијално голем“ извор на хемикалии PFAS, наречени и „вечни загадувачи“ штетни за здравјето на луѓето, кои влегуваат во отпадните води и почвата, покажува студијата.

Перфлуороалкил и полифлуороалкил супстанции (PFAS) се голема група од илјадници синтетички хемикалии создадени од 1940-тите, и тие се нарекуваат „вечни“ бидејќи нивните животни циклуси се многу, многу долги.

Присутни се во бројни предмети од секојдневието (козметика, водоотпорна облека, кујнски прибор што спречува лепење…), а се поврзуваат со повеќе видови на рак, кардиоваскуларни заболувања, проблеми со плодноста и нарушувања во однесувањето кај децата.

Научниците кои ја спровеле студијата објавена во средата во списанието Environmental Science & Technology Letters собрале ролни тоалетна хартија продадени во Северна Америка, Латинска Америка, Африка и Западна Европа помеѓу ноември 2021 и август 2022 година. Собрале примероци и од отпадни води од пречистителните станици во САД.

Тие откриле присуство на “фосфатот diPAP (Polyfuoroalkyl Phosphoric Acid Diesters), соединенија кои можат да се претворат во постабилни PFAS, како што е потенцијално канцерогената перфлуорооктанска киселина (која се употребува во производството на тефлон).

Ова откритие на PFAS во тоалетната хартија може да се толкува со фактот дека некои производители додаваат хемиски супстанци за време на обработката на дрвото во пулпата од хартијата, а трагите од овие хемиски супстанции остануваат во финалниот производ.

И рециклирана тоалетна хартија може да се произведе и од влакна добиени од материјали што содржат PFAS, се вели во студијата.

Мерењата потоа се споредени со податоците од другите студии за PFAS во отпадните води и со податоците за употребата на тоалетна хартија по глава на жител во неколку земји.

Студијата покажува дека тоалетната хартија сочинува околу 4 проценти од diPAP откриени во САД и Канада, околу 35 проценти од diPAP пронајдени во отпадните води во Шведска и до 89 проценти во Франција.

Разликите од земја до земја, особено во Северна Америка, произлегуваат од фактот што други хемиски производи, како што се козметика, текстил и амбалажа за храна, го сочинуваат уделот на PFAS во отпадните води.

Научниците истакнуваат дека е „од суштинско значење“ да се намали нивното присуство во отпадните води, кои „често се користат за наводнување“, поради што луѓето и животната средина се изложени со PFAS на долг рок.

Европската агенција за хемикалии (ECHA), треба да одлучи да го забрани PFAS до 2026 година.