Типови на луѓе кои не се „материјал“ за брак

2032

Следбеник или следбеничка

Таа или тој одобрува се што ќе предложите и времето кое не го поминувате заедно едноставно не постои. Гајен вели дека ви е потребен партнер кој е подготвен на компромис, а не некој кој ви овозможува да го преземете водство во секоја одлука.

Нарцисоидно лице

„Или ќе биде по мое или нема да биде“. Така стојат работите со нарцисоидните луѓе. Таа или тој не може да признае кога погрешил/а, или има испади кога други ќе се обидат да ги наметнат своите потреби. – Јасно е дека тоа не се квалитети кои ги барате кај долгорочен партнер, вели Дела Каса.

Лице кое често ги менува работните места

Не отпишувајте некого само затоа што во моментот ја менува кариерата. – Меѓутоа, ако лицето со кое се гледате е константно невработено, добива откази или ја менува работата на неколку месеци, тоа може да биде знак за поголем проблем, вели Дела Каса.

Лице кое претерано реагира

До расправија и неслога доаѓа во секоја здрава врска. Меѓутоа според Плетс, ви треба лице кое може да се расправа чесно, а не некој кој претерано реагира и на најмало несогласување.

Волк самотник

Важно е двајцата да имате живот надвор од врската. Но, според мислењето на Ван Доран, ако сте со лице на кое добро му е да е само, тоа сугерира дека нема да му требате во животот. Сфатете го тоа како знак за излез од врската.