Тетовирано и замрзнато тело од пред 5.300 години | Ötzi, човекот од бакарното доба | Фото/Видео

1142

За последните 25 години, неговото мумифицирано тело претставува прозорец во раната човечка историја, давајќи поглед на животот во алпскиот регион за време на бакарната ера.

Се појавија свежи траги за последното патување на европската мумија од глечерот погодена со стрела пред да биде сочувано телото во мразот илјадници години.

Ötzi

Најновата студија, објавена во списанието „Plos One“, ги испитала „подфосилите“ на парчињата вегетација што се замрзнале пред околу 5.300 години на стара мумија, позната како „Mann aus dem Eis (Ötzi)“.

Телото на Ötzi било замрзнато во мраз сè додека еден пар не го открил при прошетка во северните италијански Алпи во 1991 година. Оттогаш, скоро секој негов дел е анализиран – од содржината во стомакот до тоа како починал.

За последните 25 години, неговото мумифицирано тело претставува прозорец во раната човекова историја, обезбедувајќи поглед на животот во алпскиот регион за време на бакарната ера.

Оваа нова студија нуди траги за патувањето на Ötzi до глечерот. Истражувачите од Универзитетот во Глазгов и Универзитетот во Инсбрук откриле најмалку 75 видови на бриофити, не-васкуларни растенија, како што се мов и листопадни, кои се зачувани во мразот со Ötzi.

За нив се верува дека се само 30% локални, односно растат во тој реон – што значи дека другите пристигнале на местото на неговата смрт од некое друго место.

Alpine Ibex

Истражувачите веруваат дека растенијата на облеката на Ötzi можеби стасале преку изметот на големото тревопасно животно, како што е Alpine Ibex, еден вид дива коза.

„Во главно се откриени како претежно мали остатоци од мразот околу него, неговата облека и опремата, па дури и од неговиот дигестивен тракт“, рече Џим Диксон, еден од водечките автори на студијата, во соопштението на Универзитетот во Глазгов.

– Овие откритија отворија прашања: од каде потекнуваат фрагментите? Како, точно, стигнале таму? Како помагаат во нашето разбирање на Ötzi?

Schnalstal

Некои од овие видови се идентификувани како мов кој денес постои во долината на долниот Schnalstal, во италијанската провинција Јужен Тирол – што укажува на тоа дека Ötzi патувал по долината на своето искачувањето до глечерот, до своето последно место за одмор.

“Особено еден вид се покажа како значаен. Дрвото, еден вид на necker, кое расте во шуми со ниска височина, е пронајдено на облеката на Ötzi и во неговите црева. Ова откритие е доказ дека Ледениот човек се искачувал од југ кон север до Schnals, без да се качува по другите соседни долини“, изјави Диксон.

Овие откритија ја потврдуваат студијата од 2007 година, која ја испитала содржината на поленот во цревата на Ötzi за да се реконструира неговиот пат. Студијата открила дека Ötzi патувал од нискостеблестите области со „дрвја што ја сакаат топлината“ до 3.000 метри високите зони во последните 33 часа.

Со текот на годините, истражувачите формулирале „катастрофална“ теорија за неговата смрт: по ова сценарио, Ötzi можеби се вратил во родното село на Алпите, само за да се сретне со некаков непријател кој го принудил да избега назад кон планините, каде што починал.

Ötzi живеел помеѓу 3100 и 3370 година п.н.е. Бил висок 1,5 метри и имал мала мускулна структура од 50 кг, тесно и зашилено лице, затемнета и истетовирана кожа, кафеави очи, долга темна коса и влакнеста брада.

Неговата крвна група била О+ и бил нетолерантен кон лактоза. Починал кога имал 46 години – што се сметало за старо во тоа време.

Ötzi го минувал преминот Tisenjoch во долината Val Senales кога бил застрелан со стрела во грб. Стрелата сè уште се наоѓа во неговото лево рамо и пронајдена е дури во 2001 година. Тој крварел и починал кратко време откако бил застрелан, затоа што стрелата ја пробила виталната артерија.

Исто така, има рана на задниот дел од главата, но таа може да е откако паднал погоден од стрелата. Има рез на десната рака, што укажува на борба, кој никогаш немал шанса да заздрави пред да умре. Ова значи дека конфликтот се случил уште пред да биде застрелан, можеби неколку часа или неколку дена порано, и можеби го довело до другиот конфликт кој го убил.

Повредата на десната рака му оневозможила на Ötzi да го подготви оружјето за уште еден напад. До овој заклучок е дојден откако лакот и стрелата се пронајдени кај него недовршени: да ги заменат оние кои биле изгубени или оштетени во претходната борба.

Пронајден е со скапоцена бакарна секира, која можел да ја користи како оружје и орудие, но и како статусен симбол. Неговата облека била направена од кожа, плетена трева и живи животни, кои го топлеле во ладната и влажна клима.