Срцевите болни и бракот | Откриено е што може да им го продолжи животот на пациентите со срцеви заболувања

1564

“Мериме холестерол, притисок, присуство на дијабетес … една работа го намалува ризикот за 71 процент”

Долгрочни изгледи за преживување на пациентите од срцеви болести кои се во брачна заедница се повисоки од оние на разведените, вдовци или вдовици и самци, покажало неодамна спроведено американско истражување чии резултати се објавени во списанието Journal of the American Heart Association.

Во споредба со разведените лица, вдовиците или вдовиците и самците, кај кои ризикот од прерана смрт поради ефектите на срцеви болести изнесувал 71 отсто, кај женетите и мажените и ризикот од висок крвен притисок бил понизок, а потребата од лекови помала.

“Го меревме нивото на холестерол во крвта, крвниот притисок и евентуалното присуство на дијабетес. Се покажа дека стапката на смртност кај пациенти кои не биле во брак била почеста и дека во поголем број на случаи страдале од сите погоре наведени заболувања”, кажа д-р Arshed Quyyumi од Медицинскиот факултет Емори на Универзитетот во Алтанти.

Со колегите следел податоци за брачниот статус на поединци и зачестеност на смртни исходи како последица на кардиоваскуларните болести, срцеви напади како и смртни исходи од било која болест на 6050 пациенти, мажи и жени кои биле подложени на зафати за затнати крвни садови во периодот меѓу 2003. и 2015. година.

Се покажало дека луѓето кои не биле во брак или во слична врска, после таков оперативен зафат, биле повеќе склони кон кардиоваскуларни проблеми, кои често завршиле и со смрт, од оние кои биле во брак.

Резултатите од истражувањето покажале дека вдовиците најлошо минуваат. Шансите за срцев удар или смрт како резултат на кардиоваскуларните болести кај нив биле 71 отсто поголеми отколку мажените или женетите пациенти. Тој процент кај самците и разведените лица бил за 40 проценти повисок.

Едно од објаснувањата за вакви резултати е стресот низ кои минуваат луѓе за време на разводот, стрес и празнина со кои се сретнуваат по загубата на брачниот другар, како и помал број на пријатели и социјални контакти на луѓе кои живеат сами.

Претходните истражувања покажале дека животот во брачната заедница е поврзан со подобар квалитет и подолг живот.

“Придобивките на бракот без сомнение спаѓа грижата за брачниот партнер, а тоа особено се однесува на здравјето на луѓето. Дури и префрлување на партнерот кој не е пушач на оној кој пуши може да резултира со отфрлање на цигарите, што во крајна линија води кон подобра здравствена состојба”, рече Quyyumi, додавајќи дека “луѓето кои се во брак пронаоѓаат поголема целисходност на живото и се грижат повеќе за исхраната, вежбањето и медицинските прегледи.”

Hina