Вирусот на мали сипаници е потенцијален лек за рак, според американските научници.
Студијата е направена на двајца пациенти, од кои едниот имал рак на коскената срцевина, а една жена имала рак на крвта.
Се покажало дека благодарение на оваа експериментална терапија на 49-годишната Stacy Erholtz дошло до повлекување на болеста т.е дека ремисијата била подолга од 6 месеци.
Станува збор за рак на плазма клетките (клетка специјализирана за производство на антитела од плазмабластот) кој е тешко да се третира, бидејќи болеста и по ремисијата постигната со класична терапија често се враќа и е смртоносна.
Stephen Russel од клиниката Mayo изјави дека ова е првиот чекор во користењето на вирусот на морбили кои би можеле да бидат ефикасни во лекувањето на ракот на јајниците, мозокот, главата и вратот, па дури и еден вид рак на белите дробови.