Спреј за нос со евтин лек ја запира кроната? По употреба лицето повеќе не е заразно ?!

4195

Австралиските истражувачи спроведуваат тестови на назален спреј на база на разредувачи на крвта, за да утврдат дали може да обезбеди заштита од ковид-19, пишува BBC.

Спрејот за нос на кој е спроведено истражувањето содржи евтиниот лек хепарин кој треба да го неутрализира протеинот на шилецот на коронавирусот. Засега, истражувањата покажаа дека штом ќе се испрска спреј во носот таа личност повеќе не е заразна.

Експерименталните истражувања ќе бидат завршени во средината на 2022 година. Доколку се докаже ефективно, овој спреј може да стане една од мерките во борба против инфекцијата, заедно со вакцините и другите мерки. Истражувачите се надеваат дека овој спреј може многу да помогне да се запре ширењето на вирусот.

Лекот се задржува во носот

Спрејот може да се користи „секаде во јавност во преполни ситуации“, изјави главниот истражувач проф. Don Campbell.

„За луѓето како мене кои се плашат од Ковид, идејата да можам да се нашприцам пред да одам во шопинг или на фудбал ќе ме направи помалку вознемирен. Тоа е алатка која ми дава контрола“, додаде тој.

Иако други спрејови за нос се тестираат на глобално ниво во борбата против Ковид, ова е првиот што користи хепарин – лесно достапен лек кој се дава на луѓе со нарушувања на коагулацијата. При вдишување, хепаринот не навлегува во крвотокот, туку останува во носот за да го прикачи вирусот на него наместо на клетките на телото.

Професорот веќе го користел спрејот на себе

Владата на австралиската држава Викторија ја финансираше првата студија за луѓе во 400 домови погодени од КОВИД, почнувајќи од февруари следната година. Луѓето ќе го прскаат спрејот два до три пати на ден за да видат дали делува на спречување на преносот во домаќинството од заразени на незаразени луѓе.

„Една од прекрасните работи кај хепаринот е тоа што тој е веќе достапен на пазарот и одобрен за други намени, не бара ладење и може да се чува во пластични шишиња за да може да се дистрибуира многу широко и ефикасно“, вели проф. Michelle McIntosh, една од научниците кои работат на истражувањето.

Професорот Campbell рече дека тој веќе го користел спрејот на себе и досега немал никакви несакани ефекти.

„Го користам 20 месеци, но носот не ми падна и не искрварив до смрт. Многу сме уверени дека ќе успее“, рече тој.