Научниците предупредуваат “Една четвртина од Земјата ќе биде сува, дури и ако се ограничи глобалното затоплување на 2°C, меѓу жртвите ќе биде и јужна Европа”.
Ако затоплувањето се задржи на 1,5°C, тоа би можело да го ограничи сушењето за десетинка, а со тоа би се спасиле две третини од Земјата
Повеќе од една четвртина од површината на Земјата ќе стане многу посува, дури и ако човештвото успеее да го ограничи глобалното затоплување на 2°C, што е и целта која е договорена со Климатски договор од Париз, предупредуваат научниците.
Но, ако се задржи затоплувањето на ниво од 1,5°C, тоа би можело да го ограничи сушењето за десетинка, а со тоа би се спасиле две третини од Земјата за кое се предвидува во рамките на лимитот од 2°C, стои во истражувањето објавено во списанието Nature Climate Change.
Со затоплувањето од 1,5°C делови од јужна Европа, Јужна Африка, Централна Америка, брегот на Австралија и Југоисточна Азија – дом на околу една петтина од човештвото – ќе “избегнат значителна аридификација”, предвидена под 2°C, изјави Su-Jong Jeong од Универзитетот за наука и технологија во кинескиот Shenzenu, еден од авторите на студијата.
“Постигнувањето на границата од 1,5°C би бил важен чин на намалување на веројатноста за појава на аридификација и слични последици”, рече Jeong.
Тој со група научници употребил проектирање на седум климатски модели преку различни сценарија за затоплување за да се предвидат моделите на сушење на почвата.
Аридификацијата е главна закана која ја забрзува деградацијата и десертификација на почвата, како и и губењето на растенијата и дрвјата кои се клучни за апсорпцијата на јаглерод диоксидот кој ја загрева Земјата.
Со тоа се зголемува ризикот од суша и пожари, и влијае на квалитетот на водата за пиење и земјоделството.
Научниците дошле до заклучок дека во случај на двостепеното затоплување, кое би можело да се случи помеѓу 2052. и 2070. година, меѓу 24 и 32 проценти од вкупната почва на Земјата ќе стане посува.
Но, ако затоплувањето се движи околу 1,5°C, тој ефект би можел да се намали на 8 или 10 проценти од вкупната површина.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.