Совети за детоксикација на организмот

96

Богатата трпеза е само еден повод да се израдуваме на храната, во семеен и мирен амбиент. Во деновите поминати во изобилство од храна, често ја пречекоруваме границата на нашите апетити. Затоа, ви препорачуваме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат во одржување на линијата и прочистување на организмот:

Основно што треба да направите е на вашата трпеза да додадете свежо овошје, зеленчук (многу свежи салати) и јадења од интегрални житарици. Од консумирање исфрлете ја пржената храна, не користете дополнителни маснотии. На пример, при печење месото полевајте го со вода, супа или пиво.

Додека трае овој период на детоксикација, од вашата исхрана исфрлете ги рафинираните шеќери, бело брашно, ориз, месни и млечни производи со висока масленост и газираните сокови (без разлика дали се диетални или обични).

Избегнувајте црн чај, кафе и алкохол, наместо овие пијалоци консумирајте растителен чај, или чај од коприва, која е одлична за здрави бубрези. Внесувајте доста течности, пијте најмалку еден литар вода дневно.

Во прв план нека дојдат и природните сокови, од морков, цвекло, јаболка…

Хранете се со брокула, таа има антиоксиданти и се препорачува по прејадување. Го појачува имунитетот и го спречува појавувањето на канцерогени клетки.Голем број нутриционисти го препорачуваат овој зеленчук.

Намалете го внесувањето на храна од животинско потекло. Избегнувајте млечни производи, а кравјо или козјо млеко заменете го со млеко од соја или бадем. Јадете леќа, грав, семки ореви, лешници, бидејќи се добар извор на протеини.

Процесот на детоксикација дополнете го со квалитетен сон и зголемена физичка активност.