Ореви
Кога се конзумираат во умерени количини, повеќето јатки се добар извор на мононезаситени масти, корисни за здравјето на срцето, како и на протеини. Но кога станува збор за намалување на симптомите поврзани со депресијата, оревите се едни од најдобрите растителни извори на омега-3 масни киселини. Овие киселини го одржуват целокупното здравје на мозокот.
Зелен чај
Зелениот чај е богат извор на антиоксиданси. Потрошувачката има голем број на бенефиции за здравјето, но една аминокиселина позната како теанин, може да го намали ризикот од појава на депресија.
Таа е позната по своите анти стрес активности. Еве уште една добра причина секој ден да пиете чаша зелен чај.
Авокадо
И последно, но не и на последно место е авокадото. Тоа е исто така влегува во групата на суперхрани, коишто можат да ни помогнат да го намалиме стресот и депресијата. Тоа е богато со триптофан, фолна киселина и омега-3.
Омега-3 е незаменлива масна киселина која помага во борбата со воспаление на мозокот и регулира невротрансмитери во него.



















