Стриптиз
Фантазиите за стриптиз пред партнерот или друга публика покажуваат желба за себепредизвикување и евалуација. Тоа е нарцистичка фантазија и дамата, кај која се појавува, се чувствува потценета и сака да добие повеќе внимание и комплименти.
Тројка
Дамите кои сонуваат за тројки и оргии се склони кон воајерство и егзибиционизам. Тие исто така се себични по натура (ако тројката е со двајца мажи) и копнеат постојано да го добиваат машкото внимание наоколу.
Секс со помал или поголем маж
Оваа фантазија произлегува од егото, желбата на една жена да си докаже дека уште ја бива и може да возбуди секој тип мажи.
Секс со непознат
Во оваа фантазија не е важен мажот, туку самиот факт дека жената е со човек кој не знае ништо за неа, нема да ја суди и нема да ја става во некакви рамки. Фантазијата издава желба за првичност и слобода.
Секс на јавно место
Ако една дама фантазира за секс на јавно место, тоа значи дека таа е бунтовничка по душа. Ова укажува и дека жената копнее да ги демонстрира на сите сексуалните вештини и се возбудува од воајерство и егзибиционизам.



















