На првото лице во светот кое ќе доживее 123 години старост, молдавскиот мултимилијардер Дмитри Камински ќе му подари еден милион долари
Камински со неговиот подарок сака да придонесе за развој на генерции кои ќе живеат подолго од 110 години.
Тој верува дека истражувањата за подмладување на ткивото ќе им овозможат на луѓето да живеат подолго од 120 години, односно до возраст која се смета за крајна граници до која луѓето можат да живеат.
– Живееме во највозвудлива ера на развојот на човештвото, затоа што технологиите стана трансформативни. Иако за тоа не се свесни, некои од луѓето кои се постари од 100 години би можеле да го видат почетокот на новиот век, ако поживеаат доволно долго во развојот на трансформативната технологија, рече Камински за „Дејли Мејл“.
– Се надевам дека мојата награда ќе поттикне некои да сакаат да поживеат подолго и дека нивниот пристап кон вториот живот ќе стане поинаков, додаде тој.



















