Премногу е жешко? Побарајте освежување во овие намирници

1394

Повторно сме соочени со летни температури, а со нив доаѓа и потребата од освежувачка храна.

Иако по жешкиот летен ден, дури и чаша вода може да биде вкусна, за жал, од неа не можеме да се најадеме. Но, не грижете се, бидејќи ви објавуваме список на храна која истовремено ќе ве освежи и засити!

Авокадо

Авокадото е овошје со највисоко ниво на мононезаситени масни киселини кои помагаат да се ослободиме од топлината и токсините од телото. Исто така, авокадото е лесно сварлива храна, така што вашето тело нема да мора да работи дополнително и да создава дополнителна топлина во процесот на варење.

Банани

Поради нивните „затворачки“ својства, бананите ќе ви овозможат да апсорбирате повеќе вода и ќе ви помогнат да се разладите. Ако брзате и ви треба храна што ќе ви ја зголеми енергијата и брзо ќе ве разлади, бананите се вистински избор!

Агруми

Изборот е голем и многу лесно можете да ги најдете. Агрумите се одлични за освежување затоа што му помагаат на вашето тело во варењето, поради што ќе мора да работи помалку, а со тоа и да создава помалку топлина.

Кокос

Од ова разноврсно овошје истовремено ќе добиете кокосова вода, масло и плод кој можете да го јадете. Кокосот е природен извор на електролити кои ќе ви помогнат да останете хидрирани и свежи.

Краставици

Краставиците се полни со вода и исто така делуваат како диуретик кој ќе ви помогне да се освежите и да се ослободите од несаканите токсини од телото.

Диња

Дињата содржи околу 95% вода, така што е одлична храна за освежување. Има релативно малку калории и делува како диуретик и помага при решавањето на несаканите токсини.

Нане

Нането е освежувачка билка што може да се користи при готвење, како додаток во вода или едноставно можете да ја џвакате. Можете исто така да користите масло од нане за да помогнете во борбата против стресот.

Лути пиперки

Иако можеби на прв поглед не изгледаат како очигледен избор, лутите пиперки всушност можат да ви помогнат да се разладите. Тие ќе ве испотат,а со тоа ќе ги предизвика механизмите за ладење во вашето тело – токму тоа е причината зошто луѓе кои живеат во многу топли области често имаат многу лута храна во исхраната.

Лубеница

Лубеницата е незаменливо летно овошје – не само што е многу вкусна, туку и нè лади и хидрира. Се состои главно од вода, така што долго останува ладна и ни помага да се разладиме во топлите денови.

Јогурт

Заборавете на сладоледот ова лето и препуштете се на јогуртот. Не само што е поздрав, јогуртот има и висока содржина на вода, така што може поефикасно да ве разлади отколку самиот сладолед.