Додаток во исхраната, цигари и кафе
Овој појадок е типичен за опсесивни луѓе на тема калории. Обично тоа се личности со проблематични навики во исхраната – или ништо не јадат, или се товат со храна.
Јогурт
Фитнес манијаците обожаваат да јадат јогурт за појадок. Ова обично се динамични личности.
Варени јајца со тост
Овој појадок е златната средина помеѓу диеталниот и обилниот појадок. Веројатно луѓето кои ја избираат се урамнотежени по природа и ја ценат традицијата.
Свежо цедени џусеви
Луѓето кои пијат само Свежо цедени сокови (овошни или зеленчукови сокови) за појадок се од видот здравствени параноици. Тие обично се вегетаријанци или вегани, практикуваат јога и медитација, вечно се на некакви прочистувачки режими и немаат проблем со тоа да се гладни.
Мусли бар / банана
Овие луѓе разбираат дека е важно да доручкуваат, но немаат ни една слободна минута да направат појадок. Затоа тие складираат резерви банани или блокови мусли и ги поткаснуваат на нога додека патуваат за работа наутро.



















