Сериозни болести кој лекарот ќе ви ги открие откако ќе ја погледне вашата кожа

561

Од срцето до психата

Вашата кожа е најголемиот орган на вашето тело и може да открие многу повеќе за вашето здравје отколку што поголем број луѓе мислат. Со оглед на тоа дека опфаќа голем простор и се менува брзо, кожата е често прво место на која можат да се забележат здравствените промени од дијабетес и астма, до ниво на стрес и хигиенските навики.

  1. Мали израстоци на кожата

Според д-р Дорис Деј, професорката по дерматологија на Универзитетот Њујорк, на кожата се појавуваат мали грутки ако сте склони кон алергии или астма. Грутките се нарекуваат кератоза пиларис и можат да изгледаат како акни. Најчесто се бели, а иако можат да бидат и црвени. Обично не се опасни и не чешаат. Во повеќето случаи исчезнуваат до 30-тата година од животот, но често лицето тешко може да се реши од нив.

  1. Темни, кадифени дамки на кожата

“Се појавуваат со телесните набори, како што се пазувите или преклопите на вратот, а укажуваат на висок степен на ризик од дијабетес, како и можноста дека болеста веќе се појавила, “вели д-р Ејми Дерик, клинички инструктор по дерматологија на Northwestern University. Оваа состојба, наречена acanthosis nigricans, понекогаш може да биде бенигна, но најчесто е поврзана со дебелината и дијабетес. Во многу ретки случаи, тоа може да биде знак на рак на желудникот, црниот дроб и на другите внатрешни органи.

  1. Акни

“Повеќето тинејџери страдаат од акни. Сепак, појавата на акни кај возрасните може да биде знак за хормонската нерамнотежа”, објаснува Дерик. Ваквите симптоми може да укажуваат на синдромот на полицистични јајници. Жените се повеќе подложни на менување на нивото на хормони, поради земање на пилули.

  1. Жолта боја на кожата

Кога кожата почнува да развива жолтеникав тон, тоа е често знак на заболување на црниот дроб. Оваа состојба се јавува кога црниот дроб престанува правилно да ги разбива старите црвени крвни клетки. Жолтицата најчесто се појавува кај новороденчињата, а кај возрасните тоа може да биде знак на болести на црниот дроб како што се хепатитис, цироза или рак.

Продолжува на страна 2