ЈАРЕЦ
Јарците имаат репутација на конзервативност, но и покрај тоа кога станува збор за сексуалното либидо, тие можат да бидат доста еластични. Карактеристика на Јарците е, меѓу другото, и желбата да ги надминат способностите на нивните сексуални партнери, поради што тие честопати се и повеќе од подготвени да се фрлат на работа, со цел да ја видат среќна личноста со која го делат креветот.
РАК
Раковите сакаат нивните сексуални контакти да имаат смисла и да бидат производ на искрена љубов. Инстинктивниот секс не е нешто што може да се очекува од рак. За да започнат сексуална авантура, тие мора да имаат доверба во личноста со која имаат близок контакт. И, пред сè, тие се повеќе од подготвени да чекаат трпеливо за нивните 5 минути.
РИБА
Општо е познато дека Рибите сакаат секс. Сепак, нивниот нагон за секс зависи исклучиво од личноста со која се во врска. Тие можат да бидат потполно незаситни или помалку од еднаш месечно да сакаат да ја имаат во прегратка личноста со која се во врска. Ако нема искрена љубов од нивна страна, тие се постудени од санта мраз, што и да се обидува другата личност.
ЛАВ
Лавовите се кралеви и такви се и во сексот. Тие очекуваат кралски третман од личноста со која се во кревет. Сепак, штом еднаш доживеат таков третман, тие знаат како да возвратат повеќе пати. Тие не остануваат должни да му угодат на својот партнер. Ако некој се обиде да го заведе Лавот без некоја посебна причина, освен да си игра со него, Лавот ќе остане ладен.
Продолжува на страна 3



















