
Масло, масло, масло
Не постои подобра предигра од масажа. Кујната е вистински рај за двојките кои сакаат да се масираат, особено со масло. Ви препорачуваме сончогледово и маслиново масло за почетниците, а за искусните тиквино.
Во зависност од вашите преференции, можете да додадете оцет. Според советот од секс- експертот, најдобар избор е балзамов оцет, но повеќето луѓе користат јаболков. Ако сте чувствителни, можете да експериментирате со сок од лимон.
Не заборавајте добро да ги измасирате ерогените зони, за кои предлагаме посебен трик. Лук и магдонос.
Храна, мајката на сите афродизијаци
Се разбира дека листа нема никаков смисол без храна. Но овој пат, ви препорачуваме да се откажете од мејнстрим препораки. Овошјето и чоколадото се веќе испробани, но кујната е преполна со други деликатеси.
Обидете се прво со брашното. Мекото брашно е одлично за нежни љубовници, острото за оние кои претпочитаат погрубо. Поентата е во тоа што брашното ве прави толку суви што ви е потребно да се удавите еден во друг.
Конзервите туна и сардини можат да ве стават во романтична морска атмосфера. Намачкајте се со риба и пливајте заедно.


















