Сакате бебе? „Развеселете“ го креветот во декември

944

Декември не е само месецот на јадење, пиење и славење, туку и времето во кое е најверојатно да зачнете. Според британскиот регистар на раѓања најмногу бебиња се раѓаат во септември, што значи дека се создадени токму на крајот на годината.

Но, не сите парови можат да се пофалат со беспрекорно размножување. Експертот за врски Џо Хемингс дава надеж на оние кои имаат проблем со забременувањето, па ги советува да вложат сериозни напори во креветот токму во декември.

“Ако се обидувате за бебе, Божиќ е одлично време да се оствари овој ваш сон. Не само што ќе поминувате повеќе време со партнерот, но и студеното време го зголемува квалитетот на спермата “сподели дамата. Хемингс додава дека еден од најголемите проблеми при обидите за забременување, е чисто психички – стресот и напнатоста, дека не е успешно. Таа ги советува уште овие двојки да се оддадат на божиќниот дух и да водат љубов без да се оптоварени од мисли за зачнување.

“Важно е да се ужива во сексуалниот чин, а не да водите љубов, само во деновите во кои сте најфертилни. Зачнувањето на бебе треба да се прави со љубов и желба, а не да се претвора во некаков распоред за секс и рутина. Декември е совршен месец да ја откриете страста со партнерот – има толку многу ладни зимски ноќи, кои предиспонираат да барате топлина во прегратките на својот сакан. Гледајте еротски филмови, носете се секси, правете си игри со улоги”, ги охрабрува двојките Џо.

Додека некои парови копнеат за бебе, за други тоа ќе биде вистинска катастрофа. Бидејќи во декември забавите и пиењето се малку повеќе, па доста дами заборават да ги земат апчињата и можат да завршат во 2016-та со бебе во рацете.

Ако не планирате да станувате мајка, подобро земајте апчиња за контрацепција во време во кое сигурно ќе сте во состојба – имено наутро, советува дамата. Поставете си аларм на телефонот, која ќе ве потсетува дополнително дека треба да не го заборавате вашето апченце.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.