Решена мистерија за чудните пустински прстени | Фото/Видео

1789

Соодветно на тоа, оваа студија ги понуди првите емпириски податоци што ги поврзуваат самовилските кругови со децениската теорија на Туринг.

Интригирачки е што тревите активно ја создаваат своја околина со формирање симетрично распоредени обрасци на празнини – рече Гецин.
Неверојатно е што истражувањата покажуваат дека тревите што ги сочинуваат самовилските кругови растат на „кооперативен начин“ со цел да ја обликуваат нивната околина и подобро да ги издржат сувите услови.

Вегетацијата има придобивки од дополнителното истекување на вода обезбедено од големите самовилски кругови, а со тоа го одржува сувиот екосистем функционален дури и во многу сурови и суви услови. Без самоорганизирање на тревата, оваа област најверојатно ќе стане пустина, во која доминира голата почва – рече Гецин.
Иако се чини дека мистериозниот феномен е близу до конечното решение, ќе биде потребна поголема работа на терен за да се потврдат математичките модели, тврдат научниците.