
„Мојот живот е во моите раце исто како што вашиот е во вашите. Вие одлучувате дали вашиот автомобил ќе го возите по добар или по лош пат. Вие одлучувате што е вашата суштина. Решив дека луѓето кои тоа го рекоа „ убијте го тоа со оган“ нема да ме дефинираат. Најдобра одмазда на сите кои ми рекоа дека сум грдо чудовиште е тоа негативно да го претворам во енергија која ќе ми овозможи да направам позитивни работи. Си реков дека ќе бидам мотивациски говорник, ќе напишам книга, ќе дипломирам на факултет и ќе имам свое семејство. Па, досега успеав да бидам говорник, само што завршив факултет и за некој ден го предавам ракописот за третата книга. Запрашајте се – што вас ве дефинира. Потоа искористете сѐ негативно да ве мотивира. Јас ви гарантирам – ќе победите“, порача Лиза во говорот за конференцијата на TED.
“Постојат илјадници ужасни коментари. Секој коментар се базира на фактот дека светот би бил поубаво место за живеење ако не сум жива. Додека читав, имав впечаток дека некој физички ме напаѓа секој пат кога ќе погледнам во екранот”, рече Лизи.
“Сакав да им покажам на овие луѓе, дека тие не можат да ме дефинираат. Не сакам нивната дефиниција на мене и на моето постоење да стане вистина”, заклучи Лизи.


















